bandr
Хроника

(ФОТО) ПОЗАДИ „ГЛОБАЛ“ КАБЕЛ ВЕЌЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ ПРЕТСТАВУВА ОПАСНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ, ОЧЕВИДЦИТЕ ВЕЛАТ ДЕКА ДЕЦАТА ГО ДОПИРААТ И СО РАЦЕ!

Надвиснат кабел позади „Глобал“ веќе неколку денови претставува опасност за граѓаните. Очевидците кои ни ја испратија фотографијата во порака велат дека децата кои си играат на улицата го допираат и со раце. Како што велат тие, проблемот изгледа настанал поради невремето во Струмица кое се случи пред неколку денови.