Кучињата кај Домот на Арм повторно нападнаа човек утрово…
Како што вели тој за портал Струмица Денес околу 20 кучиња се пуштиле по него, а едното од нив го гризнало.
„Никој ништо не презема, седат со вкрстени раце и чекаат некој друг да им го реши проблемот.
Кучињата се веднаш наспроти куќата на самиот градоначалник на општина Струмица, зарем не е срамно?
Ете погледнете и фотографија.“ – вели тој.
На лицето Х.Б веднаш по нападот од кучињата укажана му е медицинска помош.