ФОТО: Голем пожар во Сушица цел регион без струја!

јуни 12, 2019

Зоран Зимбаков:
Соопштение, Почитувани сограѓани, поради големиот пожар што се случи од засега непознати причини на Главната трафостаница во Сушица при што има направено огромна штета и има изгорено доста опрема,би сакал да Ве информирам дека поголем дел од селата во нашта општина и пошироко ќе се без електрично напојување. После разговорот со диреторот на ЕВН КЕЦ Струмица,имам информации дека иако се прават напори да се преземе е.енергија од друго место-Струмица,тоа може да потрае,бидејки во моментот се санира штетата и се чекаат екипи од МЕПСО. Се надевам дека дел од населените места до вечер ке добијат е.енергија,додека останатите да се припремат оваа вечер да ја поминат подготвени без струја,се додека не се воспостави потребната врска. Во контакт сум со одговорните лица во ЕВН и ке Ве информирам. Иако ова не е во надлежност на општината Ве молам за разбирање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: