strumica denes logo

 Две возила „Ауди“ се обиделе да избегаат од полицијата, во едното имало човек во багажникот!

Автор:

Датум:

август 31, 2018

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

август 31, 2018

Категории:

Хроника

Синоќа околу 23 часот на патниот правец од Дојран кон Валандово, од страна на полициски службеници, биле забележани две возила „Ауди“ како се движат со голема брзина, при што на даден знак „стоп“ истите не застанале и продолжиле да се движат во правец кон Валандово.

Полициските службеници се упатиле по нив при што едното возило било забележано како се упатува кон Струмица, додека другото кон Валандово. Во 23.20 часот во центарот на Валандово пронајдено било едното возило, а во багажникот од возилото е пронајдено лицето Ф.Д.(26) од Еритреа.

Извршен бил увид на местото на настанот, а лицето било однесено во Полициската станица на Граничниот премин Богородица за понатамошна постапка.