ДВЕ ЛИЦА ОГРАБИЛЕ ЖЕНА ВО БАНСКО!

февруари 11, 2020

На 10.02.2020 во СВР Струмица, Б.Т.(66) од Куманово пријавила дека во 19.20 часот во близина на хотел „Цар Самоил“ во село Банско, струмичко, две лица со употреба на сила ѝ ја одзеле чантата во која имала мобилен телефон, пари и лични документи. По преземени мерки од Секторот за внатрешни работи Струмица лицата се пронајдени, дел од одземените предмети ѝ се вратени, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ