Home

Perdormire
Струмица Хроника

Девојчиња се тепале во струмичко, се вмешал и еден од татковците!

Home

Тепачка меѓу малолетни девојчиња се случила во струмичкото село Старо Балдовци, а едно од девојчињата пријавило дека ја нападнал и таткото на нејзината противничка, соопшти МВР.

„На 21.06.2022 во 22.30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19.20 часот во село Старо Балдовци, струмичко, по претходна физичка пресметка на нејзината малолетна ќерка со друга малолетничка, нејзината ќерка била физички нападната од таткото на другата малолетничка“, се вели во соопштението.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.