Perdormire
Хроника

БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ОГРАБЕН ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО СТРУМИЦА!

Home

На 17.03.2019 во 05.15 часот во Полициската станица Струмица, К.Б.(39) – бугарски државјанин, пријавил дека на 16.03.2019 година во периодот од 21,30 до 24,00 часот во угостителски објект непознат сторител извршил кражба.

Сторителот искористил згодна прилика и од јакната му одзело паричник во кој имало пари и лични документи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.