bandr
Хроника

БЛОКАДА ВО МУРТИНО: ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА ПРОЛЕТНАТА ЗЕЛКА ГО БЛОКИРАА СЕЛОТО!

Денеска во Муртино повторно протест поради незадоволството на ниската откупна цена на зелката. Револтот го искажаа на тој начин што го блокираа влезот и излезот на Муртино. Инаку, зелката најпрвин беше 30 денари а сега падна на 25 денари. Доколку не бидат послушани нивните барања тие ќе организираат помасовни протести.