И покрај строгите закони и казни, некои угостителските локали на големо им точат алкохол на малолетниците во Струмица, а надлежните органи практично ништо не можат да сторат за да ја спречат оваа појава. Секоја чест на исклучоците кои секојдневно внимаваат на законите, но главното прашање е зошто малолетниците се предозираат со алкохол? Кои мерки според Вас треба да бидат преземени за тоа да престане? Вашите одговори слободно напишете ги во коментар.