ВИДЕО ПРИЛОГ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС: СТРУМИЧАНЕЦ УКРАЛ ПАРИ ОД ЧАНТА ВО ПРОДАВНИЦА ЗА ТЕКСТИЛ ВО СТРУМИЦА!

септември 5, 2019

Втор ден откако на социјалните мрежи кружат и се споделуваат видеа на кои јасно се гледаат „ликот и делото“ на крадецот во продавницата за текстил на булеварот во Струмица. Кражбата е извршена вчера наутро, откако повозрасен маж заедно со неговата сопруга влегуваат во продавницата со наводна намера да купуваат.

Сопственичката на „Тева текст“ во изјава за портал Струмица Денес вели дека кражбата била добро испланирана претходно, бидејќи сопругата на крадецот вешто и го одвлекувала вниманието на продавачката.

Крадецот од чантата успеал да земе 5.000 денари. Настанот е пријавен во струмичката полиција, а од таму велат дека се работи на негово целосно расчистување.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: