ЖИТЕЛИТЕ НА УЛИЦАТА „МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ-ЈАСМИН“ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: ЗАБОРАВИВТЕ ШТО НИ ВЕТУВАВТЕ ПРЕД ДА СТАНЕТЕ ГРАДОНАЧАЛНИК!

Револтирани граѓани кои живеат на улицата „Митко Хаџивасилев-Јасмин“ испратија писмо до градоначалникот, советниците и нашата Редакција. Но, како што велат тие, засега од градоначалникот нема никаков повратен одговор. Во продолжение погледнете го во целост:

„На повеќе сајтови читам  „Градоначалникот на Струмица најави градежна офанзива низ целата општина“. Читам и неможам да видам дали улиците во центарот на градот или во околината или во населените места. Читам и никогаш  неможам да прочитам дека ќе се асфалтира џеп на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“. Можеби сте заборавиле што сте ветувале пред да станете градоначалник, кога требаше да се гласа за Вас. Како лекар за  Вас  немаме зборови, прекрасен, учтив, сталожен, човек со големо срце према пациентите. Мегутоа како градоначалник….. Дел на улица Мито Хаџивасилев Јасмин е неасфалтриран, во вечерните часови е вистински хорор да стигнеш до дома. Жителите на тој дел од градот можеби не се заслужиле да живеат во светло, на асфалт, тие ке живеат во темница, ке одат во калне се послушни грагани на оваа општина, не плаќаат улично осветлување. Можеби откога станавте градоначалник и Вие поделгнавте на одредени предраусди кои Вас не ве красеа и тој збор беше стран за Вас. После укажување од неколку општински советници за овој проблем Вие сеуште немате храброст да направите вистински чекор за оваа општина. Или можеби Вашата улица како што е средена и мислите дека сите се такви во градот. Затоа во прилог Ви доставувам фотографии од наведената улица која за жал се наога на само стотина метра од Вашата вистинска работа – Медицински центар. Ве прашуваме дали некогаш ке се среди овој хаос, дали нешто ке преземете или….

Со почит.“

– Жителите на џеп од улица Мито Хаџивасилев Јасмин!     

Автор:

Датум:

јануари 16, 2020

Категории:

Хроника