Home

Perdormire
Струмица Хроника

СТРУМИЧАНЕЦ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ СО СВОЕТО ВОЗИЛО – ЕДНО ЛИЦЕ СО ТЕШКИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ!

Home

На 21.10.2021 во 16.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани, пред влез во с.Чардаклија, товарно возило „цитроен џампер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од К.А.(51) од с.Гардошорци, струмичко, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Ѓ.(53) од с.Владевци, струмичко, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.