Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против К.В (44) од с.Сушево, општина Василево, поради постоење основано сомневање дека пријавениот ги сторил кривичните дела „Несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од КЗ на РМ и „Фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот во својство на службено лице – полициски службеник, на ден 05.09.2017 година при вршење на увид по случена сообраќајна незгода во која учествувале ПМВ и моторцикл, не ги земал потребните изјави односно известувања од страна на лицата учесници во сообраќајната незгода со што не
можеле да бидат точно прецизирани и точно утврдени фактичката состојба и виновникот за случената сообраќајна незгода.
Наместо тоа пријавениот изготвил службени белешки за добиени информации преку непосреден разговор со граѓани согласно „Правилникот за начинот на вршење на полициските работи“ односно изготвил службени исправи кои подоцна ги упоребил како вистинити и во содржината на едната од нив внел невистинити
податоци во однос на изјавата од учесник во сообраќајната незгода кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, а во рубриката „Потпис на граѓанинот“ пријавениот своерачно ги ставил само првите букви од имињата и целите презимиња на лицата кои службени белешки ги заверил со своерачен потпис.
Со ваквото постапување на оштетените – учесници восообраќајна незгода им било оневозможено да го остварат своето право на надомест на штета, односно било сторена потешка повреда на правата на возачите во остварувањето на нивното право за надомест на штета.