(ВИДЕО) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-НОВО СЕЛО, ПАТОТ БЕШЕ ВО ПРЕКИН 5 ЧАСА!

април 29, 2019

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во 1:40 часот по полноќ на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село. Патот беше во прекин 5 часа, односно во 7:10 утрово беше пуштен во сообраќај. Струмичката полиција во известување за портал Струмица Денес наведе дека во сообраќајната несреќа повредени се две лица. Едното лице е пуштено на домашно лекување, додека другото е потешко повредено и е задржано на понатамошно лекување во струмичката болница. По сообраќајната несреќа, струмичката полиција веднаш пристигнала на местото на несреќата и извршила увид на истата. Со повеќе детални информации во текот на денешниот ден.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: