ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА ПРИЈАВЕНИ 5 ФИЗИЧКИ НАПАДИ ВО СТРУМИЧКО!

март 16, 2019

На 13.03.2019 во 17.00 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(37) од Струмица пријавил дека истиот ден во село Старо Балдовци, струмичко, била физички нападната од Е.А. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.03.2019 во 13.30 часот во Полициската станица Струмица, А.А.(33) од село Банско, струмичко, пријавил дека на 10.03.2019 во 11.00 часот во неговиот двор во селото бил физички нападнат од О.М. и М.Н.. Полициска станица Струмица презема мерки за расчистување на случајот.

На 14.03.2019 година во 16:10 часот во Полициска станица Струмица В.Ѓ (46) од село Пиперево, струмичко пријавил дека истиот ден во 15:30 часот на улица во село Пиперево бил физички нападнат од С.Т од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.03.2019 година во 22:30 часот во Полициска станица Струмица, Б.Н (62) од Струмица пријавил дека истиот ден во околу 19:30 часот на пазар во Струмица бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.03.2019 година во 15:30 часот во Полициска станица Струмица, З.М (40) од Струмица пријавил дека истиот ден во околу 13:30 часот В.К од Струмица во просториите на основно училиште во Струмица физички ги нападнат двете негови деца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: