Home

Perdormire
Екологија

(ФОТО) ЕКО АКЦИЈАТА ВО СТРУМИЦА ЗАВРШИ УСПЕШНО – СОБРАНИ ПОВЕЌЕ ОД 400 ВРЕЌИ ЃУБРЕ!

Home

На 28.03.2021 беше одржана еко акцијата ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ – ЗА ЧИСТО КАКО ДОМА ИСТО на која учество земаа повеќе од 200 еко активисти кои собираа ѓубре по Трим патеката од Ловен дом преку Св Илија до Чам Чифлик а другата локација беше по патот од лозињата до Чам Чифлик. Еко акцијата беше успешно реализирана беа собрани повеќе од 400 вреќи одпад фрлан од страна на несовесни граѓани. Акцијата беше во согласност со сите протоколи со оглед на пандемиските услови – сите учесници носеа маски, ракавици како и вршеа честа дезинфекција со антисептици.

Оваа еко акција беше иницирана од страна на “ВК Актив” рамноправно и заедно со “СОУ Јане Сандански – Струмица”, “KK Струмица”, “Беласица Ран”, “Ентузијаст”, “Црвен крст – Струмица”, “Младински совет – Струмица”, “Монго кампинг”, “Југоисток”,“Здрава котлина”, “Планетум”, “Еделвајс”, “мотокрос клуб Џабл”, “Друмски велосипедисти”, “ЦИА Новус Струмица”, “МВП Академија”, “Риверсаунд”, “Кинолошкото Друштво Астрион Канин” , “Повик од Дивината”, “Алпинистички клуб Скала”, “Радиоаматерски клуб Струмица”, “Зелен Крст на Македонија”, “One Way dance studio”. Оваа акција беше подржана од страна на Општина Струмица и Делегација на Европска Унија – Скопје заедно со Europe House – Strumica. ( #ЗаЧистоКакоДомаИсто )

Иницијаторите на еко акцијата ВК Актив на својот ФБ профил во врска со акцијата напишаа:
Првата ЕКО АКЦИЈА- ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ е успешно завршена.
Луѓе, го направивме тоа што досега никој го немаше направено кај нас.
Толку многу организации,заедно на едно место, да работат заедно, сложно еден покрај друг за нашата МАЈКА ПРИРОДА!!!

Колку сме само заедно подобри
Браво екипо. Браво.
Повеќе детали за настанот ќе има во текот на утрешниот ден.
Сега само едно имаме да Ви кажеме, најдлабоко од дното на душата, најискрено,од се срце кажано:
ВИ БЛАГОДАРИМЕ!