strumica denes logo

ПО 30.000 ДЕНАРИ ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ТРОЈЦА ЖИТЕЛИ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА – СОВЕТОТ ДОНЕСЕ И НИЗА ДРУГИ ОДЛУКИ!

Автор:

Датум:

ноември 28, 2026

Автор:

Датум:

ноември 28, 2026

Вкупно 90.000 денари парична помош ќе бидат доделени на тројца жители на Општина Струмица, согласно одлуките донесени на денешната 19-та седница на Советот. За секој од тројцата жители советниците одобрија финансиска поддршка во износ од 30.000 денари.

Покрај одлуките за доделување парична помош, на седницата беа разгледани и повеќе прашања поврзани со функционирањето на јавните претпријатија, образованието, социјалната заштита и урбанизмот.

Советниците ги усвоија извештаите за работењето на петте општински јавни претпријатија за првите девет месеци од 2026 година, и тоа на „Комуналец“, „Струмица – Транспорт“, „Струмица-Гас“, „Паркиралишта – Струмица“ и „Стационар – ЛАНА“.

Донесени беа и одлуки за кадровски промени во органот за надзор на детската градинка „Виножито“, како и за именување нов претставник на Општината во Училишниот одбор на СОУУД „Димитар Влахов“.

Промени во составот беа направени и во општинските совети за социјална заштита и за превенција на детското престапништво, а беше предложен и член на Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица.

На денешната седница советниците одобрија и отстапување на една просторија во Домот на културата во Дабиле на привремено користење, а донесоа и неколку одлуки од областа на урбанизмот.