strumica denes logo

СТРУМИЦА ФОРМИРА КООРДИНАТИВНО ТЕЛО ЗА БОРБА ПРОТИВ АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО – ИНСТИТУЦИИТЕ СО ЗАЕДНИЧКИ ПРИСТАП ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ!

Автор:

Датум:

ноември 26, 2026

Автор:

Датум:

ноември 26, 2026

правувањето со аерозагадувањето и преземањето координирани мерки за подобрување на квалитетот на воздухот беа во фокусот на денешната петта работна конференција на Локалниот совет за превенција на Општина Струмица.

Градоначалникот Петар Јанков ги презентираше досегашните активности на локалната самоуправа и најави активирање на Координативно тело за справување со аерозагадувањето, согласно Законот за квалитетот на амбиентниот воздух.

Во работата на телото ќе бидат вклучени Општина Струмица, СВР Струмица, Регионалниот центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Беласица“, Државниот инспекторат за земјоделство, Територијалната противпожарна единица Струмица и други надлежни институции.

Преку заедничко дејствување, побрза размена на информации и усогласено постапување, целта е да се овозможи поефикасно справување со изворите на загадување во Струмичката Котлина.

На конференцијата присуствуваа и претставници на граѓанското здружение „Здрава Котлина“, кои ги посочија актуелните еколошки проблеми и предизвици во регионот. Нивните забелешки беа разгледани во рамките на планирањето на идните активности.

Со најавеното активирање на Координативното тело, Општина Струмица предвидува посистемски и меѓуинституционален пристап кон решавањето на проблемот со аерозагадувањето и заштитата на животната средина.