Љубовта кон автомобилите и хуманоста ќе се спојат во една заедничка празнична приказна во Струмица. На 20 декември 2026 година, во организација на „Car Club Strumica“, во соработка со „Symbol Retail Park“, ќе се одржи хуманитарниот автомобилски собир „CARS & TOYS“.
Настанот ќе се одржи во недела, од 13:00 до 17:00 часот, во „Symbol Retail Park“ во Струмица, а целта е да се обединат автомобилските ентузијасти и граѓаните во заедничка хуманитарна акција посветена на децата.
Покрај автомобилскиот собир, организаторите најавуваат и посебно новогодишно изненадување за најмладите посетители, кои ќе имаат можност да се фотографираат со Дедо Мраз и да добијат новогодишно пакетче.
Сите граѓани кои сакаат да придонесат во хуманитарната иницијатива ќе можат да донесат новогодишни пакетчиња или подароци за деца, спакувани во сина или црвена боја, во зависност од тоа дали се наменети за момче или девојче.
На локацијата ќе бидат поставени и кутии за доброволни парични донации, во кои секој посетител ќе може да донира согласно своите можности.
Собраните финансиски средства ќе бидат донирани во детските клиники во Скопје и Струмица.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, без разлика дали се љубители на автомобили или едноставно сакаат да бидат дел од една хумана иницијатива.
📅 Датум: 20 декември 2026 година (недела)
⏰ Време: од 13:00 до 17:00 часот
📍 Локација: „Symbol Retail Park“ – Струмица
Струмица на 20 декември ќе има можност преку автомобилската страст, празничното дружење и солидарноста да подари радост и насмевки на децата на кои им се најпотребни!



























