strumica denes logo

НОВ ВОДОВОДЕН ЦЕВКОВОД НА „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

ноември 20, 2026

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

ноември 20, 2026

Категории:

Струмица

💧 Нов водоводен цевковод на ул. Крушевска Република.

Екипите на ЈПКД Комуналец работат на поставување нов водоводен цевковод долж ул. Крушевска Република, како дел од реконструкцијата на улицата.

Покрај новата линија, се изведуваат и водоводни јазли со затварачи — места од кои мрежата може да се управува по делови. Тоа значи дека при идни интервенции ќе може да се исклучи само мал дел од улицата, наместо цела зона.

Новата инфраструктура обезбедува посигурно водоснабдување, помал ризик од дефекти и полесно одржување во годините што следат.

Ви благодариме на жителите за трпението додека траат работите.