Општината е дом на сите граѓани и во градот и во населените места и сите заедно заслужуваат подобар живот.
Дека е така, потврдува реализацијата на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за оваа година.
Паралелно со подобрувањето на патната инфраструктура во градот, се работи и во населените места. Во три населени места со прв слој асфалт се асфалтирани три улици.
Во Свидовица е ставен асфалт на улица во должина од 150 метри, во Костурино на улицата пред црквата во должина од 80 метри и во Раборци е ставен нов асфалтен слој на улица во должина од 90 метри.
Сите овие зафати се реализирани со средства од општинскиот буџет во вкупен износ од 1.428.316 денари.
Продолжуваме со реализација на општинските програми направени според приоритетите и потребите на граѓаните.





















