Триесет и петгодишен струмичанец се здобил со тешки телесни повреди откако неговиот паркиран автомобил сам се придвижил и го удрил. Незгодата се случила на 17 ноември, околу 20 часот, на улицата „5 Ноември“ во Струмица.
Според информациите од СВР Струмица, Џ.Ш.(35) од Струмица паркирал две патнички возила, „Пежо“ и „Мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, едно зад друго на улицата.
Бидејќи не биле преземени сите потребни мерки за безбедно паркирање, возилото „Мерцедес“ само се придвижило, при што удрило во 35-годишниот маж и во претходно паркираното возило „пежо“.
Повредениот веднаш бил пренесен во струмичката болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Струмица.





















