strumica denes logo

КОПАЛ ВО ДВОРОТ, ПА ЈА ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈАТА: НЕОБИЧЕН СЛУЧАЈ ВО СТРУМИЦА – ПРОНАЈДЕНИ КОСКИ КОИ НАЛИКУВААТ НА ЧОВЕЧКИ!

Автор:

Датум:

ноември 17, 2026

Автор:

Датум:

ноември 17, 2026

Необично откритие ги алармирало полициските служби во Струмица, откако при ископ во двор на семејна куќа на улицата „Солунска“ биле пронајдени коски за кои постои сомнение дека се од човечко потекло.

Според информациите од СВР Струмица, на 16 ноември, во 17:40 часот, граѓанин со иницијали Т.Н. пријавил дека при изведување земјени работи во дворот на својот дом наишол на коски кои наликувале на човечки остатоци.

Веднаш по пријавата, на местото пристигнала увидна екипа на СВР Струмица, која извршила увид, а пронајдените коски биле подигнати за понатамошна постапка.

Засега останува непознато дали навистина станува збор за човечки коски, колку се стари и како завршиле закопани во дворот на семејната куќа.

Надлежните треба да го утврдат потеклото на пронајдените остатоци, по што би можело да се добијат повеќе одговори за ова необично откритие во Струмица.

ФОТО: АИ