strumica denes logo

КУКЛИШ ДОБИВА НОВО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ!

Автор:

Датум:

ноември 13, 2026

Автор:

Датум:

ноември 13, 2026

Во населеното место Куклиш продолжуваат активностите за уредување на спортското игралиште, со цел создавање подобри услови за спорт и рекреација.

Подлогата на игралиштето е завршена и монтирани се кошевите.

Станува збор за мултифункционално спортско игралиште наменето за практикување повеќе спортови, кое ќе овозможи подобри услови за спортски активности на младите и сите љубители на спортот.

Проектот се реализира во соработка меѓу Општина Струмица и Видеолотарија Касинос Австрија, како заедничка заложба за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за спорт и рекреација во населените места.