strumica denes logo

ЗДРАВЈЕТО НА МЛАДИТЕ ВО ФОКУСОТ: ТОШЕ ЗАФИРОВ И Д-Р ПЕТАР МАРКОВ СО ВАЖНИ ПОРАКИ НА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

ноември 8, 2026

Автор:

Датум:

ноември 8, 2026

Спортот, здравата исхрана и превенцијата беа во центарот на вниманието на панел-дискусијата „Здрави животни навики – здрава иднина“, која денеска се одржа во Струмица, во организација на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица.

Настанот, реализиран преку Комисијата за спорт и Комисијата за здравство и социјална политика, беше посветен на подигнување на свеста кај младите за значењето на здравиот начин на живот и навремената грижа за сопственото здравје.

Пред присутните свои знаења и професионални искуства споделија Тоше Зафиров, магистер по клиничка психологија, шампион во бодибилдинг и професионален фитнес тренер, и д-р Петар Марков, пратеник и специјалист по абдоминална хирургија.

Во фокусот на дискусијата беа физичката активност, правилната исхрана, превенцијата од заболувања, како и значењето на грижата за физичкото и машкото здравје.

Преку ваквите едукативни активности се отвора простор за разговор за теми кои имаат директно влијание врз квалитетот на животот, особено кај младата популација.

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Струмица порачаа дека ќе продолжат со организирање активности насочени кон едукација, промовирање здрави навики и поттикнување поголема свесност за здравјето кај младите.