Со ново специјализирано возило, Струмица ги зајакнува капацитетите за собирање и транспорт на комуналниот отпад. Набавката, вредна околу 150 илјади евра, е реализирана преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со финансиско учество и на Општина Струмица.
Од вкупните девет милиони денари, шест милиони се обезбедени преку Центарот, додека три милиони денари се издвоени од општината. Со тоа, локалната самоуправа покрива една третина од средствата за новото возило.
Возилото е наменето за извршување на секојдневните комунални задачи поврзани со отпадот, како дополнителна опрема за одржување на чистотата во општината.
ФОТО: Радио СтрумицаНет
























