strumica denes logo

НАЈМАЛИОТ МИЛИОНЕР ВО МАКЕДОНИЈА ИМА САМО 4 ГОДИНИ!

Автор:

Датум:

октомври 21, 2026

Автор:

Датум:

октомври 21, 2026

Четиригодишно дете е најмладиот милионер во Македонија за 2025 година, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Највозрасниот милионер има 97 години, а приходите ги остварил од пензија и други извори, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи (УЈП).

Според анализата на УЈП, во 2025 година граѓаните поднеле над 860.000 даночни пријави, што е зголемување од 10,6 отсто во споредба со претходната година. Најголем број пријави се поднесени во Скопје, а потоа следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Најголем дел од доходот на граѓаните во 2025 година бил остварен од плати. Највисоката пријавена плата изнесувала 139 милиони денари и била исплатена во дејноста „Вадење камен и јаглен“.

Сепак, највисоките три исплати на дивиденди ја надминале и оваа сума. Тие биле исплатени од компании во Гевгелија, Охрид и Арачиново.