strumica denes logo

„УБАВИ СМЕ, СВОИ СМЕ“ – СТРУМИЦА ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА ЈУБИЛЕЈНАТА ДЕСЕТТА МАНИФЕСТАЦИЈА!

Автор:

Датум:

октомври 18, 2026

Автор:

Датум:

октомври 18, 2026

Јубилејното десетто издание на манифестацијата „Убави сме, свои сме“ ќе се одржи на 28 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Организатор на настанот е „ВЕРА“, а покровител е Општина Струмица. Манифестацијата, препознатлива по својата порака за прифаќање и почитување на различностите, повторно ќе го насочи вниманието кон лицата со Даунов синдром и нивната видливост во општеството.

Под мотото „Убави сме, свои сме“, десеттото издание ќе биде можност публиката да ја покаже својата поддршка за заедница во која секој заслужува почит, прифаќање и можност да биде свој.