strumica denes logo

ПРИВЕДЕН МАЖ ОД МОНОСПИТОВО: Предал марихуана што ја чувал во пластични шишиња!

Автор:

Датум:

октомври 11, 2026

Автор:

Датум:

октомври 11, 2026

На 09.10.2026 година во 13:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Н. (46) од село Моноспитово, струмичко. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

„По извршениот службен разговор, лицето доброволно предало и две пластични шишиња исполнети со марихуана од неговиот дом. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.