По почетокот на турнејата „ЧАТ ЏПТ и Македонците“ во Тетово, каде во неделата настапи пред 700 посетители, комичарот Бојан Велевски се подготвува за средба со струмичката публика.
Настапот во Струмица е закажан за 14 октомври, во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“. Билетите се по цена од 400 денари, а може да се набават во „Булевар“, „Собрание“ и на билетарницата во театарот.
Според информациите од неговиот тим, досега е пополнет 30 отсто од капацитетот на салата.
Од тимот на Велевски најавуваат дека до крајот на годинава нема да има репризен настап во Струмица, поради густиот распоред на комичарот и обврските по завршувањето на турнејата.
























