strumica denes logo

КАДЕ ИСЧЕЗНАА ЗИМИТЕ СО СНЕГ ДО КОЛЕНА? БРОЈКИТЕ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СЕЌАВАЊЕТО НЕ НЕ’ ЛАЖЕ!

Автор:

Датум:

септември 29, 2026

Автор:

Датум:

септември 29, 2026

Санки по маалските улици, замрзнати утра и снег што останува со денови – за многумина ова е сликата на зимите од детството. Денес, снежната покривка сè почесто трае кратко, особено во градовите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според податоците наведени во Четвртиот национален план за климатски промени, во периодот 1991–2020 биле забележани од три до 12 дена помалку со снежна покривка годишно, зависно од мерната станица, во споредба со просекот од 1961–1990.

Анализата ја опфаќа и Струмица.

Повисоките температури придонесуваат врнежите почесто да паѓаат како дожд, а снегот побрзо да се топи. Последиците ги чувствуваат зимскиот туризам, но и водните ресурси, за кои планинскиот снег е значајна резерва.

Студени бранови и обилни снегови ќе има и понатаму, но долгорочните мерења покажуваат дека зимите се менуваат. Снегот од детството не е само носталгија – разликата ја бележат и метеоролошките архиви.