Возач на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 12:40 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, на делницата меѓу селата Василево и Владевци.
Според објавените информации, возилото излетало од коловозот. Информацијата за несреќата за РадиоСтрумицаНет ја потврдила портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.
Поради несреќата, сообраќајот на патот Струмица – Радовиш е во прекин, а полициски екипи вршат увид на местото на настанот.




















