strumica denes logo

КОСТАДИНКА ТАНЕВА Е НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УНИЈАТА НА МЛАДИ СИЛИ ВО ОПШТИНА ВАСИЛЕВО!

Автор:

Датум:

септември 25, 2026

Автор:

Датум:

септември 25, 2026

Костадинка Танева е избрана за нова претседателка на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во општина Василево. Во својата објава по изборот, таа истакна дека е првата жена на оваа функција и се заблагодари за укажаната доверба, оценувајќи ја како голема чест и одговорност.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Танева најави дека заедно со претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Василево, Славе Андонов, ќе работи на развој на организацијата, зајакнување на тимот и отворање простор за младите кои имаат идеи и желба за ангажман.

„Не сакаме УМС која постои само на хартија. Сакаме УМС која работи, создава, се бори и остава резултати зад себе“, порача Танева.

Во објавата таа го нагласи значењето на конкретната работа и активното учество на младите, посочувајќи дека тие не се само иднината, туку и сила што придонесува во општеството денес.