Друштвото ПОРТКОНЕКТ- КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Струмица вработува:
– ПРАВНИК
Работни задачи:
-Спроведување и следење на активности од правен аспект;
-Усогласување на друштвото со законските регулативи;
-Подготовка на договори, спогодби, дописи, барања, известувања, одлуки, изјави и друга правна документација;
-Следење на рокови и обврски и преземање соодветни правни дејствија; -Комуникација и кореспонденција со институции, нотари, адвокати, извршители и други лица;
-Извршување и на други правни и административни задачи поврзани со работењето на друштвото.
Потребни квалификации:
-Завршено високо образование – Правен факултет;
-Добро познавање на работа со MS Office;
-Прецизност, одговорност и посветеност во работата;
-Добри комуникациски и писмени способности;
-Способност за самостојна работа, но и работа во тим; -Подготвеност за учење и професионално усовршување.
Работно искуство на соодветна позиција ќе се смета за предност, но не е задолжителен услов.
Плата по договор, согласно квалификациите и работното искуство на кандидатот.
Заинтересираните кандидати своето CV можат да го достават на portkonsalting@gmail.com
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.





















