На 15.09.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица-Полициска станица Струмица, со судска наредба, извршиле претрес во домот на А.Т.(49) од Василево. При претресот било пронајдено едно стебло од растението канабис.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот Законик.





















