На 14.09.2026 во 18:43 часот во СВР Струмица е пријавено дека на патот Струмица – Радовиш, во с.Владевци, општина Василево, се случила собраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ланд ровер“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(59) од с.Ораовица, радовишко и трактор „имт 533“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.С.(80) од с.Сушево, општина Василево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.С., констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.





















