Двајца мажи биле лишени од слобода од страна на полициски службеници од СВР Струмица, по одделни пријави за физички напади врз нивните сегашна и поранешна партнерка.
Во првиот случај, на 27 август 2026 година, околу 00:20 часот, во Струмица бил приведен Д.Р. (28) од градот. Тој се сомничи дека претходната вечер, околу 21:00 часот, во стан во Струмица физички ја нападнал својата 16-годишна вонбрачна партнерка.
Осомничениот бил задржан во Полициската станица во Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Во вториот случај, на 26 август, околу 15:45 часот, во струмичко село бил лишен од слобода 42-годишен маж. Според пријавеното, истиот ден околу 11:00 часот, на плоштадот во Струмица, тој физички ја нападнал својата 36-годишна поранешна сопруга.
За двата настана е известен надлежен јавен обвинител, а по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.





















