На помошниот стадион со вештачка трева во Струмица во тек е поставување рефлектори, со што значително ќе се подобрат условите за користење на спортскиот терен.
Новото осветлување ќе им овозможи на фудбалските клубови и спортистите да одржуваат тренинзи и да одигруваат натпревари и во вечерните часови.
Со реализацијата на овој зафат ќе се овозможи поефикасно користење на стадионот во текот на целиот ден, а истовремено ќе се придонесе за унапредување на спортската инфраструктура во Струмица и за создавање подобри услови за развој на фудбалот.





















