strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦ ЈА УБИЛ СОПРУГАТА ВО ПЈАЧЕНЦА , ИТАЛИЈА – ПРЕНЕСУВААТ ИТАЛИЈАНСКИТЕ МЕДИУМИ!

Автор:

Датум:

мај 9, 2026

Автор:

Датум:

мај 9, 2026

Тешка семејна трагедија ја потресе Пијаченца, откако 56-годишна жена од Струмица била пронајдена мртва, избодена со нож, во стан на периферијата на градот, јавуваат италијанските медиуми.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според првичните информации, алармот околу 15:30 часот го подигнал нејзиниот сопруг, исто така Македонец, кој телефонски признал дека ја убил својата сопруга, а потоа избегал.

На местото веднаш пристигнале карабинери, пожарникари и екипи на Итната медицинска помош.

Бидејќи никој не ја отворал вратата од станот, пожарникарите влегле преку балкон, каде го пронашле безживотното тело на жената. Според информациите од истрагата, на телото биле забележани повеќе убодни рани нанесени со остар предмет, како и повреди на главата. Во близина бил пронајден нож за кој се претпоставува дека е оружјето со кое е извршено убиството.

Италијанските медиуми пренесуваат дека осомничениот маж бил пронајден неколку часа подоцна на гробот на нивниот син, кој починал пред неколку години. Полицијата веднаш го привела, а истрагата за мотивите и околностите под кои се случила трагедијата продолжува.

Според досегашните информации, децата на семејството не биле во станот за време на настанот и се наоѓаат на безбедно место.

Овој трагичен случај предизвика шок и тага кај македонската заедница во Италија, но и меѓу жителите на Пјаченца.