Силно полициско присуство, специјалци на терен и координирана акција против нарко подземјето рано утринава ја разбуди јавноста.
Неофицијално, МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал и СВР-Струмица во заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец -Скопско.
На удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија со кокаин, а според првичните информации се вршат претреси на околу 15 тина локации и опфатени се повеќе лица од криминалното подземје.
Неофицијално, во рацете на полицијата наводно паднале и имиња добро познати во криминалните кругови.
Се очекува официјална потврда од институциите, но ако информациите се потврдат ова ќе значи дека полицијата сериозно навлегува таму каде што со години ретко се чекореше.
Според безбедносни извори, станува збор за неселективна акција и директен удар врз структури кои долго време оперирале во сенка. Дел од аналитичарите оценуваат дека ова е прилично длабоко „орање“ низ подземјето во последните години, штое е сигнал дека борбата против нарко-криминалот влегува во нова, поагресивна фаза.



























