strumica denes logo

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Автор:

Датум:

февруари 11, 2026

Автор:

Датум:

февруари 11, 2026

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на локално ниво ќе бидат пообилни, информираат синоптичарите. Според Управата за хидрометеоролошки работи, на повисоките планини се очекува врнежите од дожд да преминат во снег.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

До крајот на неделата ќе се задржат релативно високи температури за овој период од годината, како резултат на умерениот, а повремено и засилен ветер од јужен правец.

Сепак, пресврт се очекува во недела попладне. Тогаш ќе започне да дува северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на температурите во текот на следната седмица.