strumica denes logo

МАЖ ЗАГИНА ОТКАКО СО ТРАКТОР ПАДНАЛ ВО КАНАЛ КАЈ САЧЕВО!

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Автор:

Датум:

јануари 18, 2026

Синоќа околу 03:30 часот, маж кој управувал трактор излетал од патот и паднал во каналот од поројот кој води од улицата „Крушевска Република“, (од „транзитот“) во градот Струмица, кон селото Сачево, пишува порталот Радио СтрумицаНет.

На местото на несреќата интервенирале четворица пожарникари-спасители од Противпожарната единица на Струмица, кои учествувале во извлекувањето на лицето. За жал, мажот починал на самото место, а лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта, стои во објавата на Радио СтрумицаНет.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, по што ќе следуваат дополнителни информации за целосно расветлување на околностите под кои се случила несреќата.

ФОТО: AI

  • Banner