По иницијатива на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков е распишан Јавен повик за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и деца сместени во згрижувачки семејства во детските градинки Детска радост и Виножито во Струмица.
Правото на партиципација се однесува на деца од семејства на самохрани родители и деца згрижени во згрижувачки семејства, чии родители или старатели остваруваат месечни приходи пониски од просечната нето-плата на ниво на Република Северна Македонија, како и на невработени лица кои живеат на територијата на општина Струмица.
Самохраните родители имаат право на ослободување од плаќање надомест за престој на своите деца доколку едниот родител е починат, непознат или доколку детето е од разведен брак. Згрижувачките семејства, пак, треба да имаат стекнато официјален статус на згрижувачко семејство.
Јавниот повик ќе трае заклучно со 31 јануари 2026 година. Пријавите со потребната документација се доставуваат на адреса: Општина Струмица, ул. „Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица, лично во архивата на општината или по пошта, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Подетални информации и потребните обрасци за пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Општина Струмица.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://strumica.gov.mk/javen-povik-samohrani-roditeli-2026?fbclid=IwY2xjawPY6AtleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZBAyMjIwMzkxNzg4MjAwODkyAAEepXviuWFO8yvFqIpBsFMkCYLyrIJqo7yt5NFq1V83zHpwbv1mPD1b0UZOow8_aem_wlrN8eyG6y9mCc4cgsDs2g
























