Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков отслужи празнична вечерна служба во чест и спомен на Свети Василиј Велики во храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици во Струмица.
Верниот народ се поклони пред светите мошти на Светителот кои ќе бидат изнесени во храмот и во текот на утрешниот ден.
Присутните добија лепчиња со сребрена паричка со ликот на Свети Василиј Велики.
























