Традицијата на кршење лебче со паричка по повод празникот Василица беше испочитувана и на Булевар „Маршал Тито“ бр.5-Долгата зграда.
Лебчето со паричка оваа година се падна во Златара „Монтес“. Присутните го дочекаа овој момент со насмевки и честитки, верувајќи дека тоа носи успешна и бериќетна година.
Ваквите настани претставуваат дел од локалната традиција и ја пренесуваат симболиката на Василица – надеж, среќа и нов почеток.



























