Во наредните денови не очекува стабилно, но значително студено време. Утринските температури ќе бидат негативни насекаде низ земјата, а на одредени места се очекува да се спуштат и до минус 10 степени Целзиусови.
Преку денот температурите ќе бидат нешто повисоки, но сепак ќе остане студено. Времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, што ќе придонесе за краткотрајно чувство на топлина во сончевите периоди.
Ќе дува умерен, а повремено и засилен северен ветер, кој дополнително ќе го засили впечатокот на студ, особено во утринските и вечерните часови.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при престој на отворено и соодветно да се облекуваат поради ниските температури и засилениот ветер. Ваквото време се очекува да продолжи и во текот на следните неколку денови.



























