Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, информира дека од денес Ване Митушев е назначен за нов директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Струмица Транспорт“.
Митушев по професија е дипломиран сообраќаен инженер со две децениско работно искуство во областа на патниот сообраќај и транспорт. Во својата професионална биографија, тој зад себе има и советнички мандат во Советот на општина Струмица во периодот од 2009 до 2013 година.
Со ова именување, како што посочува градоначалникот Јанков, општината вложува во нов, стручен и искусен кадар, со јасна цел, унапредување на ефикасноста на градскиот превоз и развивање на модерна и економска градска мобилност во Струмица.























