strumica denes logo

Струмичанец со нож ја избодел сопругата, па сакал да и стави сомнителна течност во уста!

Автор:

Датум:

ноември 27, 2025

Автор:

Датум:

ноември 27, 2025

Полицијата уапси маж од струмичко, на сопругата и нанел повреди со остар предмет, а се обидел и со шприц насилно да и стави непозната течност во устата.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

– На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата, соопштија од полицијата.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ: