strumica denes logo

Ивана Чонева, Александра Милушева и Вероника Ристова од „Димитар Влахов“ со високи награди на Државниот фестивал на непрофесионален филм!

Автор:

Датум:

ноември 3, 2025

Автор:

Датум:

ноември 3, 2025

На 54. Државен фестивал на непрофесионален филм, кој претставува најзначајна национална манифестација за млади филмски автори, учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица постигнаа извонреден успех.

Ивана Чонева ја освои златната плакета за филмот „Добрина“, кој се истакна со оригинална идеја, силна порака и автентична емоционална изведба.

Со бронзена плакета беа наградени Александра Милушева и Вероника Ристова, кои преку својот филм ја покажаа креативноста и талентот на младите струмички автори.

Овој успех претставува големо признание не само за наградените ученички, туку и за СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица, кое континуирано ги поттикнува младите да го изразат својот уметнички потенцијал преку современи медиуми.