Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица ги информира граѓаните дека часот на свеченото отворање на Спомен куќата на народниот херој Благој Јанков – Мучето е променет.
Со овој значаен настан се оддава почит на неговото дело и жртва, а воедно се отвораат вратите за сите љубители на историјата, културата и традицијата да ја почувствуваат автентичната меморија на едно време.
Свеченоста ќе се одржи на 25 септември 2025 година со почеток во 18:00 часот.